До 15 октомври е рокот до кога ќе можат патните транспортери во земјава да аплицираат за добивање меѓународни транспортни дозволи за превоз на стоки за 2011 година. Овој пат, Министерството за транспорт и врски по електронски пат ќе распредели 1.114 ЦЕМТ и 75.880 поединечни дозволи (билатерално-транзитни, универзални, како и за и од трета земја). Кога станува збор за поквалитетните ЦЕМТ-дозволи, (кои се мошне барани, зашто се користат за повеќе транспорти годишно), превозниците во својот возен парк треба да располагаат со превозни капацитети, што ги исполнуваат стандардите за еколошки и посигурни возила. Од вкупниот број ЦЕМТ-дозволи, за наредната година ќе бидат распределени 246 дозволи за "ЕКО 3" возила, 88 за "ЕКО 4" и 780 ЦЕМТ-дозволи за "ЕКО 5" возила...
До 15 октомври е рокот до кога ќе можат патните транспортери во земјава да аплицираат за добивање меѓународни транспортни дозволи за превоз на стоки за 2011 година.
Овој пат, Министерството за транспорт и врски по електронски пат ќе распредели 1.114 ЦЕМТ и 75.880 поединечни дозволи (билатерално-транзитни, универзални, како и за и од трета земја).
Кога станува збор за поквалитетните ЦЕМТ-дозволи, (кои се мошне барани, зашто се користат за повеќе транспорти годишно), превозниците во својот возен парк треба да располагаат со превозни капацитети, што ги исполнуваат стандардите за еколошки и посигурни возила. Од вкупниот број ЦЕМТ-дозволи, за наредната година ќе бидат распределени 246 дозволи за "ЕКО 3" возила, 88 за "ЕКО 4" и 780 ЦЕМТ-дозволи за "ЕКО 5" возила. Од нив, според видови, 96 се со важност за Австрија, 90 за Грција, 268 за Италија, а годинава ќе има и 527 ЦЕМТ-дозволи ќе се користат за Русија.
Новина во годинашнава распределба е и што бројот на базните доволи за нашата земја, а кои претставуваат основа за пресметка на вкупниот број дозволи - од 128 е зголемен на 130. Сега вкупната бројка од 1.114 ЦЕМТ-дозволи е за 228 ЦЕМТ-ови повеќе во споредба со тие што транспортерите ги добија лани за годинава, со што се овозможува поголема покриеност на бројот на возилата (особено на помодерните) со овие ЦЕМТ-дозволи.
Комисијата за распределба на транспортните дозволи при Министерството за транспорт и врски смета дека не треба да има месечни ЦЕМТ-дозволи.
Се очекува годинава за овие дозволи да конкурираат над 500 транспортни фирми, со околу 1.385 возила со "Еуро3" стандард, 102 со "Еуро 4" и околу 800 возила со највисокиот "Еуро 5" стандард. Прелиминарните резултати од распределбата на транспортните дозволи треба да бидат познати на почетокот на следниот месец, а најдоцна до 15. ноември, за веќе во декември распределбата да стане официјална и од 1. јануари идната година транспортерите да ги добијат и да почнат да ги користат дозволите.